Муслиманите ширум светот денеска го слават Денот на Ашура, кој се карактеризира со истоименото слатко јадење, но е симбол на мирот, заедништвото и споделувањето на доброто меѓу луѓето.

Денот на Ашура се слави на десеттиот ден од Мухарем, првиот месец од хиџри, или исламскиот календар, но за муслиманите тој има силно религиозно, историско и културно значење.

Во превод од арапски, Ашура значи десет, но 10-ти Мухарем е исклучително значаен во историјата на исламот и пророкот. На тој ден, според хадиси и други извори, се случиле голем број важни настани, вклучувајќи го спасувањето на ковчегот на пророкот Ное и минувањето на пророкот Муса низ разделеното море за да избега од фараонот.

Според многу трудови од културната историја, на овој ден било прифатено покајанието на пратеникот Адам, се случило и воздигнувањето на пратеникот Идрис, огнот не сакал да го испече и изгори пратеникот Ибрахим, пратеникот Јакуб се сретнал со неговиот син и пратеник Јусуф пак, пратеникот Ејуб оздравел, пратеникот Јунус бил спасен од утробата на риба, а пратеникот Иса е роден и израснат по Аллахова волја.

На денешен ден, во 61-та година од хиџри, во Кербала беше убиен внукот на пратеникот Мухамед Хусеин заедно со уште 72 луѓе блиски до него.

Поради овие и многу други важни настани, муслиманите му придаваат големо значење на Денот на Ашура, кој се карактеризира со истоименото слатко јадење кое се прави од повеќе видови овошје, јаткасти плодови, житарки и друга храна.

Таквото јадење е направено во спомен на пророкот Ное, чија арка слета на копно по потопот на овој ден со, според традицијата, парови од сите живи видови на Земјата.

Со оглед на тоа што хиџрискиот календар се разликува од грегоријанскиот календар, десеттиот Мухарем паѓа на различен ден секоја година според Грегоријанскиот календар. Затоа, храната од која се подготвува Ашура варира секоја година, во зависност од сезоната и достапноста на овошјето.

Еден оброк може да содржи од 7 до 77 состојки, но вообичаено е да се дели со соседите и роднините.