Демонстрантите во Ирак упаднаа во зградата на Шведската амбасада во Багдад во четвртокот рано наутро и запалија делови од неа поради палење на Куранот.

Групите поврзани со Движењето Садр, предводени од шиитскиот верски и политички лидер Муктада ал Садр, влегоа во зградата на Шведската амбасада и запалија делови од неа.

Причина за овој чин беше палењето на светата книга Куран.

Салван Момика, со ирачко потекло, минатиот месец запали Куран во Шведска.

Видеата што кружат на интернет покажуваат дека стотици демонстранти упаднале во зградата на шведската амбасада веејќи знамиња и скандирање.