Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како рекреативно игра кошарка привлече големо внимание во Турција и пошироко.

Ердоган во јавноста е познат како страствен љубител на фудбалот и во младоста бил фудбалер, но често рекреативно игра кошарка со колегите и пријателите во салата во комплексот на Претседателската палата во Анкара.

Снимка од една таква рекреација на социјалните мрежи објави турскиот парламентарен претставник од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) Мустафа Варанк.

– Вистина е дека понекогаш ја занемарувам играта и снимам видео – напишал Варанк со објавеното видео.