Две лица загинаа на аеродромот во Кишињев во Молдавија, откако странец отворил оган, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

„Имаме две жртви. Припадници на специјалната полиција се на лице место“, се вели во соопштението на Министерството, во кое се додава дека осомничениот е ранет и приведен.

Според првичните информации, странецот кој отворил оган пристигнал од Турција.

Претходно, молдавската новинска агенција Ziarul de Garda (Ziarul de Garda) објави дека странецот, кој отворил оган, се забарикадирал со заложниците.

Полицијата претходно соопшти дека непознато лице отворило оган на аеродромот, како и дека патниците се евакуирани, пренесува Независне новине.

Осомничениот испукал неколку истрели во воздух и кон граничарите.