Повеќе од 80 туристи, главно од Велика Британија, биле спасени од брод за крстарење откако во четвртокот се запали кај грчкиот остров Родос.
Пламените јазици го зафатија целиот брод откако пожарот избувна на околу 300 метри од плажата Стенга во градот Архангелос.
Патниците раскажале како биле принудени да скокнат во водата бидејќи целата дрвена палуба на која стоеле почнала да гори.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека сите 82 патници на крајот биле изнесени на брегот, но децата се уште се преплашени од ужасното искуство.
Патниците за британските медиуми изјавиле дека пожарот избувнал половина час откако бродот го напуштил пристаништето. Екипажот реагираше многу брзо и подели појаси за спасување, по што сите скокнаа во водата.
Неколку минути откако сите скокнале во морето, бродот целосно изгорел. Сите патници се спасени, деветгодишно девојче е пренесено во болница со полесни изгореници, а 50-годишна жена со полесни повреди. Останатите патници подоцна со автобуси биле префрлени во нивните хотели.










