Околу 2,5 милиони муслимани, кои во моментов на хаџ престојуваат на светите места во Саудиска Арабија, ги завршија своите обреди и официјално станаа хаџии.
По престојот на планината Арефат, еден од трите фарзи или трите основни обреди на хаџот, верниците вчера по зајдисонце се упатија кон долината Музделифи каде што останаа до зори на првиот ден од Бајрам.
Таму собираа камчиња, а потоа заминаа во Мина, каде што ја извршиле церемонијата на фрлање камчиња на три места наречени џемрета. Фрлањето камчиња симболично значи борба против проколнатиот шејтан. Муслиманите на тој начин ги завршиле обредите на хаџ и станале хаџи.
Потоа заминаа кон Каба каде извршиле таваф, обред на хаџ кој се состои од кружење околу Каба. За време на хаџот, муслиманите кои одлучиле да ја извршат оваа петта исламска должност ја обиколуваат Каба седум пати во насока спротивна од стрелките на часовникот.
Враќањето е планирано од 5 до 8 јули.









