Зеленски: Русија во целосен хаос, сега треба да ни испратите оружје

by Administrator

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање се осврна на неодамнешните настани во Русија. Тој рече дека оваа ситуација покажува дека Русија е во целосен хаос и му порача на Западот дека сега е добро време да испрати оружје во Украина.

Зеленски потоа испрати порака до руските власти: „Колку подолго вашите војници ќе останат во украинската земја, толку повеќе ќе и донесат уништување на Русија. Колку подолго тој човек е во Кремљ, толку повеќе катастрофи ќе има“, пренесува Index.hr.

 

You may also like