САД ќе ги одложат новите санкции за руската паравоена група „Вагнер“, откако нејзиниот основач и водач покрена бунт против Кремљ, изјавија денеска извори за Волстрит журнал.
Сепак, според WJS, постои загриженост дека самото одложување на санкциите може ненамерно да му помогне на претседателот Владимир Путин.
„Вашингтон не сака да изгледа како дека зазема страна во ова“, наводно изјавил извор за овој медиум.
Американскиот Стејт департмент планираше да објави нови санкции за операциите на Вагнер Групацијата со злато во Африка во вторник, според WSJ.










