Русија и нејзините партнери во БРИКС наскоро ќе објават вести кои ќе ги шокираат светските пазари. Овие заклучоци ги сподели американскиот финансиски експерт, поранешниот советник на ЦИА Џејмс Рикардс.
За неколку недели, поточно на 22 август, може да се случи најзначајниот настан за светскиот финансиски систем од 1971 година, кога САД го укина златниот стандард.

Според експертите, на тој ден ќе се одржи самитот на БРИКС, кој би можел да најави создавање на нова меѓународна валута, која треба да биде конкурентна на американскиот долар. Ова го пренесува The Daily Reckoning.

Поранешниот советник на ЦИА смета дека на претстојниот самит може да се најави не само новата валута БРИКС, туку и проширувањето на овој економски блок. За членство во моментов аплицираат Алжир, Аргентина, Бахреин, Египет, Индонезија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Покрај тоа, 17 други земји изразија интерес за приклучување кон БРИКС, вклучувајќи ги Мексико, Турција и Уругвај.