Турција изрази целосна поддршка за чекорите преземени од Русија против бунтот Вагнер

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска му се јавил на претседателот на Русија, Владимир Путин, за да ја изрази својата поддршка за руската влада во соочена со бунтот на платеничката група Вагнер, пишува Ајдинлик.

Ердоган изразил „целосна поддршка за чекорите преземени од руското раководство“ откако Путин го информираше за актуелната ситуација, се вели во писменото соопштение на Кремљ.

Путин претходно изјави дека и наредил на армијата „да ги неутрализира оние што организираа вооружен бунт“.

Заменик-претседателот на турската партија Ватан, Утку Рејхан, исто така објави дека се со Русија во кризата Вагнер во објава што ја објави на својот профил на социјалните мрежи.

Рејхан изјави: „Солидарноста со руската држава, која без двоумење застана покрај нашата Турција на 15 јули, е должност на лојалност и патриотизам“, и нагласи дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ќе постигне успех во борбата против НАТО.

Да потсетиме дека конфликтот меѓу шефот на Вагнер Евгениј Пригожин и Министерството за одбрана на Руската Федерација нагло ескалира.