Соединетите Американски Држави дозволија продажба на лабораториско месо Две американски компании добија право да произведуваат месо во лабораторија Како резултат на тоа, САД станаа втората земја по Сингапур која дозволи продажба на месо одгледувано во лабораторија.

Двете американски компании се занимаваат со одгледување пилешко месо. Се извлекува од примерок од животински клетки кои се гојат и подоцна се одгледуваат во челични резервоари.