Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, присуствуваше на свеченото откривање на бистата на Јасер Арафат, покојниот палестински лидер, во дворот на Кинескиот музеј во Пекинг.

За време на неговата посета на Северна Кина, Абас се сретна со претседателот Си Џинпинг, кој ја изрази својата поддршка за Палестина.

Абас побара поддршка за полноправно членство на Палестина во ОН, но двајцата претседатели разговараа и за продлабочување на соработката на други полиња.1

Претседателот на Палестина, исто така, го осуди мешањето на западните земји во внатрешните работи на Кина, мислејќи на муслиманското население во провинцијата Ксинџијанг.