Мини-подморница која превезува туристи до потонатиот брод Титаник исчезна во Атлантскиот Океан, јавува Би-Би-Си. Се наведува дека во тек е спасувачка операција.
Се уште не е јасно колку луѓе имало внатре…
Веќе извесно време помали подморници превезуваат туристи до потонатиот и познат брод, кој се наоѓа на длабочина од 3.800 метри на дното на Атлантскиот Океан, на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, Канада.
Титаник потона на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година, при што загинаа околу 1.500 луѓе. Потонатиот брод е пронајден во 1985 година.










