Италијанската крајбрежна стража во неделата спаси група од 159 бегалци и мигранти од мал брод во неволја на околу 150 наутички милји јужно од Сицилија.
Во групата имало околу 50 малолетници, меѓу кои и 13-годишно момче со квадриплегија и 18-месечно момче кое боледувало од инфекција на кожата.

Групата беше симната во јужниот сицилијански пристанишен град Позало, а малото дете беше однесено во болница на лекување, објави Анса.

(Vijesti.ba / ФЕНА)