Џо Бајден, американскиот претседател, уште еднаш ја збуни американската јавност и луѓето ширум светот кога го заврши својот говор на самитот за национална безбедност во Конектикат, во врска со контролата на оружјето, со познатата британска фраза „Господ чувај ја кралицата“.

Критичарите на Џо Бајден брзо реагираа, па видеото се прошири на социјалните мрежи. Па којзнае колку пати по ред американската јавност го доведува во прашање физичкото и психичкото здравје на Бајден, односно неговата способност да ја води државата.

Прес-службата на Белата куќа ги појасни изјавите на Бајден, велејќи дека тој „дава коментар на некого во толпата“.

Зборовите на Бајден поттикнаа многумина да се запрашаат дали претседателот сакал наместо тоа да каже „Бог чувај го кралот“, бидејќи кралицата Елизабета, најдолготрајниот британски монарх, почина во септември минатата година на 96-годишна возраст.