Ердоган со највисоки почести пречекан во Северен Кипар

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во Турска Република Северен Кипар во својата прва посета во странство откако повторно беше избран за претседател на 28 мај, јавува Анадолу.

Ердоган положи венец на споменикот на Ататурк во Лефкоша и ја потпиша спомен-книгата пред официјалната церемонија за пречек во претседателството од страна на претседателот на ТРСК, Ерсин Татар.

На дневен ред на состанокот меѓу двајцата лидери се билатералните односи, регионалните случувања и можните идни чекори за кипарското прашање.

Ердоган и Татар подоцна ќе одржат заедничка прес-конференција.

По посетата на ТРСК, Ердоган ќе го посети Азербејџан, каде што утре ќе се состане со претседателот Илхам Алиев.

Се очекува Ердоган и Алиев да разговараат за мерките за понатамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу Туркије и Азербејџан и да разменат мислења за регионалните и меѓународните случувања.

You may also like