Тинк- танк од Британската Resolution Foundation предложи патна такса од 6 пени по милја (7 центи) за електричните возила за да се избегне голем недостаток во даночните приходи. За да се постигне ова, возилата ќе бидат следени со ГПС, што ќе придонесе за растечкиот кошмар за надгледување.

Предложената такса за патишта ќе се мери со ГПС-податоци што го мери поминатото растојание. На возачите, исто така, ќе им се наплати повеќе за користење на пренатрупани области во обид да се намали сообраќајот.

Имено, поради зголемениот број на електрични возила, за кои не се плаќа такса за гориво, Владата собрала помалку данок на гориво, што претставува 2% од вкупно наплатениот данок.

„Она што го предлагаме е систем кој суштински ќе го реформира начинот на оданочување на возењето, така што сите ќе почнат да плаќаат повторно“, се вели во својот извештај на Фондацијата „Резолушн“, а пренесува Телеграф.

„Во моментов луѓето кои не го плаќаат овој данок се луѓето кои имаат средства да купат електрично возило. Тоа значи дека не само што овој вид на даночна основа се намалува, туку се намалува со исклучување на побогатите луѓе“.

Експертите од автомобилската индустрија предупредуваат дека патната такса ќе ги обесхрабри луѓето да купуваат електрични возила. Според директорот на Фондацијата RAC, Стив Гудинг, флуктуирачката цена на електричната енергија веќе ги обесхрабрува луѓето да купуваат електрични возила. Зголемувањето на трошоците за нивно користење и зголемувањето на надзорот веројатно дополнително ќе ги оддалечи луѓето.

Проверете/reclaimthenet.org