Рускиот претседател Владимир Путин му ја честитал победата на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин ја нарече изборната победа на Ердоган природен резултат на неговата несебична работа како претседател на Турција.

Тој во честитката истакна дека сака да ја потврди подготвеноста за продолжување на конструктивниот дијалог за актуелните прашања.