Д-р Омер Џемали, д-р Мухамед Шемоски и Аби Мухтари
Вчера 24.05.2023 год. во Сараево по претходната изборна процедура и договореното мислење на Претседателството и Сенатот на Академијата, во просториите на Босанската академија на науките и уметностите „Кулин бан“ се одржа Изборно собрание на кое со тајно гласање беа избрани нови членови на Академијата. Помеѓу номинираните научници се најдоа и тројца наши граѓани од нашата земја кои своите научни дотигнувања ги оствариа во странство, но нивниот научни допринос е забележан од страна на Босанската академија на науките и уметностите.
Д-р Омер Џемали е роден во Тетово, учесник е на многу научни конференции со објавени стручни и научни трудови, тој е директор на кардиохирургијата на Универзитетската клиника во Цирих и директор на градската болница Триемли во Цирих-Швајцарија. Тој едногласно е изберен за странски член на Академијата.
Д-р Мухамед Шемоски од Пласница, автор на неколку книги, учесник на многу меѓународни научни конференции, има објавено научни и стручни трудови во својата научна дисциплина, со својот широк диапазон во хуманистичките науки, привлече внимание и е едногласно изберен за член на Академијата, соработник, исто така едногласно е изберен за член на Сенатот на Академијата.
Аби Мухтари од Равен – Гостивар, дизајнер на конвенционални и дигитални медии, кои е инетрнационално етаблиран, креатор на многу интернационални брендови како во Швајцарија така и пошироко, како врвен уметник е едногласно изберен за почесен член.
На денот на повелбата на Кулин бан на 29 август годинава, кој воедно е и Ден на Босанската академија на науките и уметностите „Кулин бан“, во 13 часот во свечената сала Атриум во хотелот „ Европа“ во Сараево, со свечена церемонија ќе се одржи доделување на Повелбата на сите членови на Академијата.
Оваа вест е гордост за нашата земја, бидејќи имињата на овие тројца членови на Академијата се наоѓаат заедно со имињата на врвни научници од сите научни дисциплини и академски уметници. Во Босанската академија на науките и уметностите „Кулин бан“ член е од порано и нашиот угледен инетелктуалец Академик Ферид Мухиќ.
Секоја добра вест не радува сите, иначе д-р Мухамед Шемоски е и наш колумнист, искрено им честитаме на успехот и воедно им посакуваме уште поголеми успеси.










