Руското Министерство за надворешни работи во петокот објави дека поранешниот претседател Барак Обама е меѓу 500 американски државјани на кои ќе им биде забранет влезот, како одговор на последната рунда санкции објавени од Вашингтон.
Министерството, исто така, соопшти дека Русија го одбила последното барање на САД за конзуларен пристап до уапсениот новинар од Волстрит, Еван Гершкович, кој беше уапсен во март под сомнение за шпионирање.
Овој потег е резултат на одбивањето на САД минатиот месец да им дадат визи на медиумите кои патуваа со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во ОН, се вели во соопштението.
„Вашингтон одамна требаше да научи дека ниту еден непријателски напад врз Русија нема да остане неказнет“, се додава.
Претходно во петокот, Соединетите држави објавија казнени мерки против повеќе од 300 поединци и ентитети, со цел да ја казнат Русија за нејзината инвазија на Украина.
Во петокот, Русија издаде и налог за апсење на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој во март подготви обвинение против претседателот Владимир Путин за воени злосторства, објавија во петокот руските медиуми.
Британскиот обвинител Карим Кан е баран од Министерството за внатрешни работи на Русија, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на базата на податоци на министерството.
Москва отвори случаи против Кан и тројца судии на МКС на 20 март, неколку дена откако беше издаден налогот за апсење на Путин.
МКС и неговото обвинителство немаа коментар.
МКС нареди апсење на Путин и на рускиот омбудсман за правата на децата, Марија Лвова-Белова, под обвинение за воени злосторства поврзани со киднапирање на украински деца.
Русија не ја криеше програмата со која донесе илјадници украински деца во Русија, туку ја претставува како хуманитарна кампања за заштита на напуштените во зоната на конфликтот.
Русија и Путин негираат дека извршиле воени злосторства за време на она што Кремљ го нарекува специјална воена операција во Украина, велејќи дека тие се всушност жртви на западната агресија и лаги
(Vijesti.ba)









