Актуелниот претседател на Турција и кандидат на овогодинешните претседателски избори Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине денеска гласаа во основното училиште Сафет Чеби.
По гласањето, Ердоган рече дека го следи процесот на гласање и дека гласањето се одвива без никакви проблеми.

– Од сабајле го следам процесот на гласање и се одвива без никакви проблеми. Најважно е можноста за гласање во областите погодени од земјотрес. И таму гласаат, нема никакви проблеми. Му се молам на Бога вечерва, откако ќе се пребројат гласовите, резултатите да бидат корисни за турската демократија. Од голема важност е и од аспект на покажување на силата на турската демократија, нашите граѓани да излезат на гласање без никакви грижи, изјави Ердоган.










