Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу ја изврши својата граѓанска должност и гласаше на претседателските и парламентарните избори во оваа земја.

Во придружба на неговата сопруга Хулја, тој гласаше во Аланија во провинцијата Анталија.

Чавушоглу посака гласовите на граѓаните во земјата и странство да бидат корисни за татковината и нацијата, за мир, стабилност и посилна Турција.

Според него, во изминатиот период политичарите кажале се што имале, пишува АА.

– Понекогаш го кажувавме тоа што требаше да се каже. Понекогаш можеби сме кажале повеќе. Но, денес збор има нацијата. Ние велиме дека суверенитетот му припаѓа безусловно на нацијата. И ние веруваме во предвидливоста на нашата нација. Со среќа уште еднаш, рече Чавушоглу.

Избирачките места низ Турција се отворени утринава во осум часот по локално време (седум часот по средноевропско време), со што започна гласањето на претседателските и парламентарните избори.

Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателските и парламентарните избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а право на глас за првпат имаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.