09:00 – Бројни граѓани излегоа на избирачките места во Република Турција избирајќи го претседателот и составот на Парламентот.

07:00 – Избирачките места низ Турција беа отворени утринава во 8 часот по локално време (7 часот по средноевропско време), со што започна гласањето на претседателските и парламентарните избори во земјата.

Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателските и парламентарните избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а повеќе од 4,9 милиони турски граѓани првпат гласаат, пишува АА.

 

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места ќе бидат отворени до 17 часот по локално време во 87 региони.

Избирачките места претходно беа отворени надвор од Турција, во 75 држави и 156 претставништва на оваа земја.

Гласањето на граничните премини започна на 27 април, а во дипломатските претставништва на 5 мај и траеше до 9 мај, според претходно утврдениот распоред.

Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

Како што соопшти Високата изборна комисија на Турција, нецелосни и неофицијални резултати ќе бидат објавени истиот ден, во првите часови по затворањето на гласачките места.