Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека целта на неговата земја е да не остави ниту еден терорист со крвави раце во нејзините граници до крајот на 2023 година. Ердоган им се обрати на граѓаните собрани на митинг во областа Санџактепе во Истанбул и зборуваше за борбата против тероризмот.

Нагласувајќи дека тие ја доведоа терористичката организација до точка на исцрпеност во границите, Ердоган рече:

„Дали ние (терористите, оп.а.) ги закопавме во Чуди? Дали ги закопавме во Габар? Во Кандил, во Бестлер? Нашата цел е да не оставиме ниту еден терорист со крвави раце во Турција до крајот на 2023 година, стогодишнина од нашата република. Истото затоа нема да дозволиме овие никаквеци да дишат надвор од нашите граници“, порача Ердоган.

ПКК е сепаратистичка организација која е наведена како терористичка група во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе.