Првата професионална сценска актерка во Судан беше убиена во борбите северно од Картум во средата, јавува Би-Би-Си.

Азија Абделмаџид (80) беше убиена во вкрстен оган додека суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) продолжија со крвавиот судир на улиците на главниот град на Судан.

Познатата актерка, Абделмаџид се појави на сцената во продукцијата на претставата Памсека од 1965 година, која беше изведена во Националниот театар во Омдурман за да ја одбележи годишнината од првата суданска револуција против водачот на државниот удар. Таа се сметаше за пионер во нејзиниот занает, а подоцна стана учителка.

Семејството на Абделмаџидова за Би-Би-Си изјави дека таа била погребана само неколку часа по пукањето во средата наутро на теренот на градинката во која неодамна работела.

Не е јасно кој го испукал истрелот што ја уби за време на тековните судири во северното предградие Бахри или Картум Север.

(ТБТ)