Реџеп Таип Ердоган вчера најави дека новите турски борбени авиони ќе го носат името КААН. „Турција сега е присутна на сите полиња. На копно, во море, во воздух и во вселената“,изјави турскиот лидер за време на настанот „Векот на иднината“ организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ) во главниот град Анкара за да ги претстави своите авиони.

Ердоган истакна дека името на авионот го дал Девлет Бахчели, лидерот на Партијата за турско националистичко движење (МХП). Каан е историска титула што ја користеле владетелите на турските и монголските држави. Ердоган потсети на неодамнешните одбранбени и технолошки проекти, како што се сателитот IMECE, воениот брод TCG Anadolu, главниот борбен тенк Алтај и повеќенаменскиот хеликоптер Gokbey. Ако денес зборуваме за векот на Турција, голем дел од него е напредокот што го постигнавме во одбранбената индустрија, што е и гаранција за нашата безбедност и локомотива за технолошки напредок“, надополни тој. Тој најави дека КАНН ќе го заврши процесот на тестирање во рок од неколку години, а потоа ќе влезе во инвентарот на турската армија, пренесува турската новинска агенција Анадолу. Турција го разви авионот од петтата генерација за да ја замени својата застарена флота на американски Ф-16. Ердоган истакна дека Турција ќе стане една од петте земји кои имаат на располагање авиони од петта генерација. Проектот за развој на авиони започна во 2016 година.

(TBT, GN)