Обид за атентат врз Путин (Видео)

by Administrator

Украина вчеравечер  ноќта извршила два напади со беспилотни летала со намера да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, соопштија од неговиот кабинет.
Дрон бил соборен со помош на мерки за електронско војување и не предизвикал жртви или штета, се вели во соопштението. Москва овој инцидент го смета за терористички чин.

Инцидентот се случил доцна во вторникот вечерта, а два дрона паднале на теренот на Кремљ во Москва, соопшти кабинетот на претседателот. Неговиот распоред не беше засегнат.

„Сметаме дека ова е однапред испланирана терористичка акција и обид против рускиот претседател“, се додава. Инцидентот се случил „во пресрет на Денот на победата и парадата на 9 мај, кога планираат присуство на странски гости“.

Русија го задржува правото да возврати на начин, место и време по сопствен избор, се вели во соопштението.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека претседателот бил далеку од Кремљ кога биле соборени беспилотните летала. Моментално се наоѓа во претседателската резиденција во Ново-Огарево, Московскиот регион, кој се наоѓа западно од главниот град.

 

You may also like