Министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија го посети Дамаск и се сретна со сирискиот претседател Башар ал Асад,
Посетата на толку висок функционер на КСА на Сирија е знак дека дефинитивно има одмрзнување на односите меѓу овие две земји.
КСА е еден од главните финансиери на бунтовници кои се борат против легитимната влада во Дамаск од 2011 година.
Раководството на Саудиска Арабија сфати дека бунтот е дефинитивно потиснат и дека моќта во Дамаск ќе остане во рацете на Асад, поради што Мохамед Бин Салман прави радикален пресврт и се обидува да ги обнови односите со Сириската Арапска Република.
Се верува дека Саудијците подготвуваат терен за враќање на Сирија во Арапската лига, од која беше исфрлена во 2011 година. Идејата на Ријад е да го направи Асад лојален сојузник на Блискиот Исток и тој да служи како врска помеѓу Москва, чиј лојален сојузник е, и најголемата петромонархија во светот.









