Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека нормализирањето на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија ќе биде „џиновски скок“ кон ставање крај на арапско-израелскиот конфликт.
– Сакаме нормализација и мир со Саудиска Арабија. Сметаме дека тоа може да биде огромен чекор кон ставање крај на арапско-израелскиот конфликт – рече Нетанјаху, говорејќи за време на средбата во Ерусалим со американскиот републикански сенатор Линдзи Греам.
– Овој договор може да има монументални последици, историски последици за Израел, за Саудиска Арабија, за регионот и за светот – изјави Нетанјаху, пренесе Ројтерс.
(Vijesti.ba / ФЕНА)









