Иако американскиот долар е стандардна трговска валута на меѓународната сцена со децении, некои од најголемите светски економии се свртеа кон јуанот. Русија, Иран, Аргентина, Бразил и Ирак се само дел од земјите кои тргуваат со нафта со Кина во јуани, а сега им се придружи и Франција, чија компанија TotalEnergies потпиша договор со кинески нафтени компании за трговија со гас.
На 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, во октомври 2022 година, беше донесена одлука да се „продолжи со интернационализацијата на јуанот“,1 а некои аналитичари тврдат дека тоа ќе ја „дедоларизира“ Европа во наредните години. Дури 70% од меѓународната трговија се вршеше во долари, а сега таа бројка падна на 59%.









