Двата регионални ривали се согласија да стават крај на долгогодишното непријателство по договорот постигнат со посредство на Кина во март.
По години на заладени односи кои поттикнаа конфликти низ Блискиот Исток, каде Техеран и Ријад ги поддржаа спротивставените страни од Јемен до Сирија, шиитскиот револуционерен Иран и кралството предводено од сунитите постигнаа договор за ставање крај на седумгодишниот дипломатски јаз.
– Иранскиот претседател Ебрахим Раиси испрати покана до саудискиот крал во замена за поканата на Ријад до него – изјави Насер Канани на телевизиска прес-конференција.
Техничките делегации на двете земји се подготвуваат за официјално повторно отворање на своите мисии, а Техеран најави дека овие мисии ќе продолжат со своите активности до 9 мај, објави полуофицијалната иранска агенција Тасним, пренесува Ројтерс.








