Германскиот амбасадор во Чад, кој беше прогласен за персона нон грата поради „нељубезно однесување“, ја напушти земјата, рече шефот на чадската дипломатија.1

Во петокот, владата на Махамат Идрис Деби Итна побара од дипломатот да ја напушти земјата во рок од 48 часа, поради „непочитување на дипломатската практика“.

Властите официјално не ги прецизираа точните причини за протерувањето. Еден функционер на владата на Чад рече дека германскиот дипломат е обвинет за „премногу мешање“ и обиди за „управување со земјата“, како и за „забелешки кои имаат тенденција да го поделат народот на Чад“.