Турција денес најостро го осуди повторениот „гнасен напад“ врз муслиманската света книга Куранот и турското знаме во Данска.

– Неприфатливо е да се дозволат овие гнасни напади под превезот на слободата на изразување – се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Тие истакнаа дека чинот е дозволен и покрај неколкуте предупредувања од Анкара.

Данскиот амбасадор Дени Анан беше поканет во министерството и беше информиран за ставот на Турција по ова прашање, се вели во соопштението.

Министерството нагласи дека Турција ќе продолжи со напорите, како на мултилатерални платформи, така и на билатерално ниво, против ваквите гнасни напади и злосторства од омраза.

Ваквите инциденти се пример за алармантно зголемување на исламофобијата и ксенофобијата во Европа, се посочува во соопштението.

Во последниве месеци, имаше неколку чинови на палење на Куранот, или обиди за тоа, од исламофобични личности или групи во Северна Европа и во нордиските земји.

Анадолија