Насилството избувна денес за време на масовните протести низ Франција против пензиските реформи на владата.
Околу 380.000 луѓе излегоа на улиците низ Франција, од кои 42.000 во Париз, според Министерството за внатрешни работи.
Генералната конфедерација на трудот (CGT) соопшти дека повеќе од милион луѓе се на улиците на француските градови.

Во многу француски градови се одржуваат протести, а вработените во секторите како образованието, транспортот и енергетиката штрајкуваат против реформата, која стана главна тема на разговор на политичката сцена во земјата.
Насилнички групи се инфилтрираа на собирот, како и за време на претходните протести. Вандализираат излози и создаваат немири на улица. Дошло до судири меѓу тие групи и полицијата, а еден маж е повреден.
Полицијата се судри со овие групи, употребувајќи солзавец и водени топови. Но, врз мирните демонстранти беше испукан и солзавец.

Најмалку десет полицајци се повредени во Париз, од кои еден потешко, пишува францускиот весник „Фигаро“.
Контроверзната владина реформа на пензискиот систем вклучува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Од 16 март се одржуваат протести низ Франција, а во повеќе градови има немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Повеќе од илјада демонстранти беа приведени.










