Под покровителство на Муфтиство на град Кичево и група на наши сограѓани кои живеат во Македонија и надвор, односно дијаспората, и оваа година по 8 (осми пат) на 23.04.2023г во 19.30 во домот на културата во Кичево ја продолжуваме нашата традиција во организирањето на Бајрамски Концерт.

Продолжувањето на оваа наша традиција и негувањето на добриот звук, и текст на преубавите илахија и касиди, како и величенствените цитати (извадоци) од Чесниот Куран на Возвишениот Аллах џ.ш, оваа наша традиција од оваа година на ниво на Република Македонија, прераснува во Централна Манифестација.

И оваа година, како и претходната, Кичевчани повторно ќе имаат можност по повод завршувањето на мубарек месец Рамазан и добредојдето на Рамазан Бајрам да слушнат преубави илахија, проучување на делови од Куран и Хадис.

На овогодинешниов Бајрамски концерт ќе присуствуваат голем број на учесници од Македонија и надвор.

Посебна чест и задоволство ќе ни причине присуството на Хафизот. Бурхан Шабан,Хафизот Дут Лези од Призрен како и на познатите хорови Иса Бег од Нови Пазар, претставници на хор при Медересето Хаџи Шех Шамија од Шкодар- Албанија со познатиот вокал Селма Бектеши.

Добредојде на присутните и најавата на програмата на Традиционалниот Бајрамски концерт,како и преку свое излагање на ( покрај Македонскиот, на Турски, Албански и Босански јазик) ќе им посака Реисот при Исламската верска заедница на Македонија г.динот Шаќир Фетаи како и муфтијата на град Кичево Ќамил еф Рушити.

Уште еднаш им благодариме на сите оние кои на некој начин преку своето помагање ( муфтивство на град Кичево како покровител, и нашите сограѓани кои живеат во Македонија и надвор), допринесоа во помагање во продолжувањето на оваа наша традиција препознатлива за град Кичево која веќе прерасна во централна Манифестација на Македонија.

Од тука, упатуваме покана до сите оние кои се љубители на прекубавите изведби на илахии, и оние кои сакаат да ги слушнат убавите зборови на Куранот и Хадисот, на: 23.04.2023г во 19.30 часот да ја збогатат и бидат дел од оваа наша традиција.

(Архива) Традицинален Бајрамски концерт Кичево 2018

Организација на Традиционален Бајрамски Концерт Кичево.