Финска стана 31-ва членка на НАТО алијансата, а нејзиното знаме наскоро ќе биде подигнато во седиштето на алијансата.
Финскиот министер за надворешни работи го потпиша пристапниот документ и му го предаде на американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Пристапувањето на Финска е проблем за рускиот претседател Владимир Путин, кој постојано се жалеше на проширување на НАТО пред неговата сеопфатна инвазија на Украина.
Должината на руската граница со земјите-членки на НАТО сега е двојно зголемена.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска предупреди дека Русија „внимателно ќе следи што се случува во Финска“, опишувајќи го проширувањето на НАТО како „прекршување на нашата безбедност и нашите национални интереси“.
(Vijesti.ba)









