Жените кои не носат хиџаб нема да можат да студираат на универзитетите во Иран, објави иранското Министерство за наука, истражување и технологија.
„На сите универзитети и високообразовни центри во надлежност на Министерството за наука, истражување и технологија ќе им се забрани да даваат образовни услуги на студентки кои не ги почитуваат правилата за носење хиџаб“, се вели во соопштението.

Новинската агенција „Мер“ го пренесе соопштението во време кога се водат демонстрации против властите во Иран поради смртта на Махса Амини во притворот на полицијата за морал во септември. Таа е приведена затоа што не носела хиџаб во согласност со „националните стандарди“.

Иранските власти тврдат дека западните земји ги поддржуваат протестите.

(Vijesti.ba)