Во Црна Гора денеска се одржа вториот круг од претседателските избори на кои учествуваа кандидатите на ДПС и на Движењето Европа сега Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ.

Според првите проекции на изборните резултати, Милатовиќ освоил 60 отсто од гласовите, додека Ѓукановиќ 40 отсто.

Се работи за примерок од околу 30 отсто, а сосема е извесно дека Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора.

До 20:00 часот гласале 70,7 отсто од гласачите, соопшти Центарот за демократска транзиција.

(Vijesti.ba)