Многу Палестинци ифтираа (крајот на дневниот муслимански пост) во комплексот на џамијата Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим), јавува Анадолија.

Фоторепортерот на Анадолија сними фотографии од бројни палестински семејства со деца, кои вечерва го прекинаа постот во комплексот Ал Акса. Денеска имаше голема гужва по тесните улички и чаршии во близина на Ал Акса.

Мажи и жени од сите возрасти го исполнија Харемот Ал Акса, кој е третото најважно светилиште за муслиманите.

Администрацијата на исламскиот вакуф на Ал Кудс соопшти дека околу 250.000 луѓе клањаа џума намаз денеска во Ал Акса, втора во Рамазан, светиот месец на муслиманите.

Израелските сили ги зајакнаа безбедносните мерки и ограничувања во областа Ал Кудс во Стариот град. Во писмено соопштение израелската полиција објави дека во Стариот град се распоредени 2.000 полициски сили.

Израелските сили спречија голем број Палестинци, кои сакаа да клањаат џума во Ал Акса, да поминат од Западниот Брег до Ал Кудс/Ерусалим и не дозволија да поминат мажи помлади од 55 години.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал-Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.