Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ја започна својата претседателска изборна кампања со посета на југот на земјата, кој беше тешко оштетен во земјотресот на 6 февруари.
„Дојдовме да ви служиме, а не да командуваме“, им изјави тој на толпата на отвореното градилиште во провинцијата Газиантеп, во близина на сириската граница. Шест недели пред изборите на 14 мај, претседателот вети дека ќе ги обнови и ќе ги посети преживеаните од земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
Но, не е сигурно дека оваа солидарност со зборови и најави за брза обнова ќе биде доволна во време на економска криза, двоцифрена инфлација која ја осиромашува средната класа и последиците од земјотресот што ја уништи економијата во единаесетте погодени провинции. Изборната комисија неделава ја прифати кандидатурата на тројца кандидати кои ќе му го отежнат животот на Ердоган (69), додека опозицијата се надева на победа.
Киличдароглу, кој се насмевнува на изборните плакати со слоганот „Добар ден, јас сум Кемал, доаѓам наскоро!“, претставува сојуз на шест партии од левата до националистичката десница и ја ужива премолчената поддршка на прокурдските ХДП (10 до 13 отсто од гласачите), чиј лидер Селахатин Демирташ е во затвор.
Киличдароглу треба да смета на враќањето на Мухарем Инџе, кандидатот поразен во трката со Ердоган во 2018 година. Конечно, тука е и поранешниот пратеник Синан Оган од екстремната десница. Заедно со тешката економска криза, земјотресот ги покажа и слабостите на државата, за чија големина сонува Ердоган. Уривањето на куќите на главите на нивните жители откри негрижа во секторите на недвижности и градежништво, кои го поттикнаа растот во последните 20 години кога Ердоган беше на власт.
(Vijesti.ba / Hina)










