Две лица загинаа, а 21 се повредени при превртување на патнички автобус во Ерзинџан, Турција, јавува Анадолија.
Несреќата се случила рано утринава на патниот правец Ерзинџан – Сивас каде имало снег и мраз. Според првичните податоци, две лица загинале, а 21 лице се повредени.

На местото на несреќата се испратени екипи на брза помош, полиција, жандармерија и АФАД.

Повредените со возило на брза помош биле пренесени во болниците во Рефахие и Ерзинџан, откако на местото на несреќата била укажана прва помош.

(Vijesti.ba)