Две лица загинаа во напад на исламски центар во Лисабон

by Administrator

Најмалку две лица се убиени во напад со нож врз исламски центар во Лисабон, главниот град на Португалија.

Повикувајќи се на полициски извори, португалската новинска агенција Луса јавува дека две лица се убиени во нападот утринава од наводен авганистански државјанин врз Исмаилискиот исламски центар во Лисабон.

Напаѓачот, за кој се наведува дека е повреден, е префрлен во болницата „Санта Марија“.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека полицијата рано интервенирала и веднаш го фатила напаѓачот.

You may also like