Од под урнатините на зграда на југот на Турција спасена е мачка, која поминала 49 дена под урнатините, јавува Анадолија.

Разорни земјотреси ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, од каде потекнува оваа трогателна приказна за преживеан миленик. Сопственичката на мачката Нида Дина (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓале до урнатините на зградата и ја барале својата двегодишна мачка „Хан“ на соседните улици во квартот Оникисубат.

„Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата 11-катница.

Истакнувајќи колку се среќни поради ова чудо, Дина рече дека луѓето никогаш не треба да губат надеж бидејќи чуда навистина се случуваат.

„Во моментов, Хан е на ветеринарната станица. Тој има проблеми со ногата и е на детален преглед. Се надевам дека ќе ги надмине сите проблеми“, изјави Дина.

Ветеринарката Фатма Ѓул Ханџуоглу лично се грижела за мачката „Хан“ претходно и сега е среќна што ја гледа жива по 49 дена од земјотресот.

„Ја извлековме и веднаш го повикавме сопственикот. Таа постојано доаѓаше и прашуваше за мачката“, изјави Ханџуоглу.

(Vijesti.ba)