Хумза Јусаф, новиот претседател на Шкотската национална партија (СНП), беше избран во парламентот за нов премиер на Шкотска, што го прави првиот муслиман на функцијата шеф на шкотската влада, јавува Анадолија.

Откако шкотската премиерка и претседателка на СНП Никола Старџен поднесе оставка на функцијата премиер и лидер на партијата, Јусаф вчера победи во трката за нов партиски лидер, а денеска се гласаше во шкотскиот парламент.

Хумза Јусаф, муслиман со пакистанско потекло, освои мнозинство во парламентот со 71 глас, со што стана нов регионален премиер на Шкотска.

Таткото на Јусаф е Пакистанец кој емигрирал во Шкотска во 1960-тите, додека неговата мајка е родена во Кенија во семејство од Јужна Азија.

Хамза Јусуф (37), кој е роден во Глазгов, вчера освои 26.032 (52 отсто) од гласовите на членовите на партијата, престигнувајќи ги своите ривали Кејт Форбс и Еш Реган и стана нов лидер на партијата.

Додека неговите противници за време на кампањата беа против правата на истополовите бракови и абортусот, Хумза Јосаф изјави дека ќе ги брани правата на ЛГБТ луѓето.

Тој, исто така, во изјавата по објавувањето на резултатите рече дека е „решен“ да донесе независност на Шкотска како тим со неговата партија.

Истакнувајќи дека на шкотскиот народ му е потребна независност повеќе од кога било, Јусаф рече:

– Ние ќе бидеме генерацијата што ќе го обезбеди тоа.