Десетици илјади луѓе спонтано се собраа во Тел Авив за да протестираат поради тоа што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант откако тој ја повика владата да ги прекине контроверзните судски реформи.
Израелскиот претседател Исак Херцог ја повика владата да ги запре контроверзните планирани судски реформи откако земјата беше потресена од насилни протести.

Доцна попладнето лидерот на екстремната десница Бен Гвир објави дека реформата се одложува неколку недели, а Нетанјаху го потврди тоа во телевизиско обраќање до нацијата. Израелскиот претседател Херцог го нарече одложувањето на реформата „вистинска одлука“.

Израелските медиуми јавуваат дека протестите продолжуваат и покрај потегот на премиерот вечерва.

Иако Нетанјаху потврди дека ќе го одложи парламентарното гласање за контроверзната судска реформа, израелскиот премиер во вечерашното обраќање рече дека сепак верува дека тоа е неопходно.

Тој ги критикуваше сите кои, како што рече, одбиваат да се обучуваат или да служат војска во знак на протест против најавените измени.

(Vijesti.ba)