Најмалку шест лица загинаа денес во сообраќајна несреќа во истанбулската област Силиври, јавува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу, камионот кипер преминал на спротивната лента и удрил во два автомобила откако возачот изгубил контрола.

Во несреќата загинаа најмалку шест лица, додека три лица се повредени.

На терен се пратени противпожарни, здравствени и полициски екипи.

По укажаната прва помош на местото на несреќата повредените се пренесени во болница.

Поради несреќата сообраќајот на автопатот се одвива по една коловозна лента.