Во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во саботата, турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ги разбира намерите на Русија да ги отстрани бариерите за рускиот извоз на храна како дел од договорот за жито, соопшти Кремљ.
„Турскиот лидер ја пофали подготвеноста на Русија да ги продолжи договорите од Истанбул за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море и да го деблокира извозот на руска храна и ѓубрива“, се вели во соопштението на Кремљ по телефонскиот разговор.

Турскиот претседател ја пофали и улогата на Русија во посредувањето во нормализацијата на Турција и Сирија.

Кремљ објави дека двајцата лидери ја истакнале „потребата да се продолжи процесот на нормализирање на односите меѓу Турција и Сирија“. Во таа смисла, турскиот претседател ја истакна конструктивната улога на Русија како посредник“.