НАТО и ЕУ ја сметаат за неодговорна одлуката на Русија да испрати нуклеарно оружје во Белорусија

by Administrator

НАТО и Европската унија (ЕУ) објавија дека сметаат дека одлуката на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е неодговорна.

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску рече дека руската реторика е опасна и неодговорна.

– НАТО е во состојба на готовност. Внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никаква промена во нуклеарната позиција на Русија која ќе бара од нас да ја смениме нашата позиција – изјави таа.

Таа посочи дека изјавите на Русија за распоредување на нуклеарно оружје од страна на НАТО се погрешни, нагласувајќи дека сојузниците од НАТО се придржуваат до меѓународните обврски.

You may also like