Бројот на загинати во експлозијата во фабрика за чоколада во Пенсилванија се искачи на пет, а шест лица се водат како исчезнати, соопштија денеска американските власти.
Агенцијата за вонредни состојби во Пенсилванија претходно соопшти дека во експлозијата што се случи вчера загинале две лица, додека девет се водат за исчезнати.

Шефот на полицијата изјави дека експлозијата уништила една зграда и ја оштетила соседната зграда, пренесе АП.

Властите ја испитуваат можноста за истекување на гас.