Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прослави првиот ифтар во овој Рамазан, муслиманскиот месец на постот, заедно со жртвите од разорните земјотреси, јавува Анадолија.
Ердоган денеска присуствуваше на церемонијата на отпочнување на изградбата на нови станбени згради во јужните региони погодени од земјотресот, по што се приклучи на ифтар во населба со контејнери во провинцијата Кахраманмарас.
Турскиот претседател по тој повод на сите муслимани им го честита пристигнувањето на месецот Рамазан.
Овој благословен месец нека биде благослов за нашата земја, нашиот народ, сите муслимани и целото човештво“, рече Ердоган.
Тој посочи дека вредностите што ги претставува месецот Рамазан им се потребни на луѓето повеќе од кога било досега.
Рамазан, месецот на соработка, споделување и пријателство треба да се помине на најдобар можен начин“, рече тој.
Тој посочи дека никој не може да остане рамнодушен на разорните земјотреси во Турција, катастрофа која погоди 14 милиони луѓе.
„Наша одговорност и братска должност е да направиме се за жртвите од земјотресот да знаат и да почувствуваат дека не се сами.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари со епицентар во Кахраманмарас.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Турција достигна 50.096.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.










